Неодамна осудениот наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман, изминатиот викенд од затворот објави дека планира да поткрене свој моден бренд кој би требало да го носи неговото име, презиме и надимак, односно „ЈГЛ“.
Според „Њујорк Тајмс“, Ел Чапо инспирацијата за создавање на нов бизнис ја пронашол во своите ќерки, седумгодишните близначки, а бизнисот ќе го води неговата сопруга.
– Овој проект е идеја која Хоакин и јас ја развиваме подолго време. Пред да отиде во САД, многу разговаравме на таа тема. Целта ми е да го покажам мојот и стилот на облекување на мојот сопруг – изјавила Аиспуро, сопругата на Ел Чапо.
Инаку, Ел Чапо, пред минатомесечната пресуда и казната на доживотен затвор, потпиша документ со кој му се одобрува комуникација со надворешниот свет. Неговата пресуда ќе биде изречена на 25 јуни.