Наредба за апсење на десетици лица осомничени за поврзаност со Ѓулен во Турција

56

Турските власти денеска издадоа наредба за апсење на десетици лица, осомничени за поврзаност со организацијата на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен, која во Турција се смета за терористичка.

Обвинителството во Измир утрово издаде наредба за апсењето на 25 лица, меѓу кои лекарите, воени лица, научниците и наставниците.

Полицијата спроведе акции во 16 окрузи во земјата. Досега се приведени 12 лица.

Полицијата презеде уште една операција против приврзаниците на организацијата на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен во северозападниот дел на Чанаккале, откако обвинителството издаде налог за апсење на 22 воени лица.

Тие се осомничени за комуникација со таканаречените „тајни имами” (водечки членови на организацијата на Ѓулен, кои ги упатувале следбениците на групата во различни државни структури, како што се полицијата, армијата, жандармеријата)

Главниот обвинител во Анкара денеска издаде наредби за притворање на седум лица осомничени за користење на мобилната апликација „Бајлок“ (ByLock). Се верува дека апликацијата била употребена за подготовка и спроведување на државниот удар на 15 јули 2016 година.

Операциите се преземени во Анкара и Истанбул. Досега  се притворени четири лица.

Според турските власти, групата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, стои зад пучот во Турција во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...