„Направете сауни, а не војни” порака до Трамп и Путин од демонстрантите во Хелсинки

191

 Околу 1.500 луѓе се вклучија денеска во демонстрациите во Хелсинки за заштита на човековите права и правата на сексуалните малцинства, на демократијата и екологија пред утрешната средба на  меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Демонстрантите минувајќи низ центарот на главен град на Финска, извикуваа „Човекови права за сите” и „Хелсинки го повикува Путин, Хелсинки го повикува Трамп”.

Еден од учесниците носеше транспарент со напис „Направете сауни, а не војни”.

Организаторите на „Хелсинки повикува“ велат дека протестите не се насочени директно против шефовите на државите на САД и Русија, но имаат за цел да привлечат внимание кон клучните глобални прашања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...