Напаѓач делумно му го отсекол увото на советник од Хонг Конг

53

Најмалку четири лица се повредени денеска во напад со нож на местото каде се одржуваше продемократски протест во Хонг Конг.

Според локалните медиуми, нападот се случил во трговскиот центар „Сити плаза“, а засега неидентификуваниот напаѓач делумно му го отсекол увото на локален советник.

Како што се наведува, разбеснетата група луѓе го претепале напаѓачот, по што тој е уапсен.

Весникот „Хонг Конг фри прес“ пишува дека напаѓачот ја поддржувал Владата во Пекинг и дека полицијата ги растерала насобраните.

Полицијата изврши рација во неколку трговски центри за да спречи повторно одржување продемократски протести, во време кога лидерката на градот, Кери Лам патува за Пекинг за да разговара за продлабочување на економската интеграција помеѓу таа кинеска територија и копнениот дел на Кина.
Британски „Телеграф“ наведува дека во трговските центри се случиле судири на демонстранти и полиција и дека се повредени неколку лица.
Полицијата соопшти дека демонстрантите уништиле еден ресторан, откако претходно мирно извикувале пароли.
Еден маж е претепан од демонстрантите, додека друг е пронајден како лежи во крв.
Демонстрантите беа повикани преку Интернет да се соберат на седум локации за да го поддржат поттикнувањето на политичките реформи, по хаотичните протести и судири со полицијата.
Сепак, повеќето од митинзите планирани за денеска не се одржаа затоа што полицијата која беше распоредена апсеше луѓе, ги растеруваше насобраните и го блокираше пристапот до паркот во близина на канцеларијата на градската лидерка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...