Напад на либиската државна нафтена компанија, се слушаат експлозии и пукотници

Безбедносните сили соопштија дека се обидуваат да ги совладаат милитантите, за кои се верува дека ја нападнале зградата.

217

Во седиштето на либиската државна национална нафтена корпорација (НОЦ), во центарот на Триполи, утрово се слушнаа експлозии и истрели. Западните медиуми јавуваат дека неколку маскирани лица влегле во просториите на компанијата.

– Тројца или петмина пукаа во зградата. Неколку лица се погодени, изјави еден од вработените во НОЦ, кој за да се спаси скокнал од прозорецот – пренесува Танјуг.

Безбедносните сили соопштија дека се обидуваат да ги совладаат милитантите, за кои се верува дека ја нападнале зградата. Безбедносните сили зазеле позиции околу седиштето на НОЦ. На местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила.

ФОТО; Твитер/Надиа Рамадан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...