Нападот со нож во Манчестер се истражува како терористички напад

78

Нападот со нож при што синоќа се повредени три лица во Манчестер се води како истрага за тероризам, соопшти денеска британската полиција.

– Ова го третираме како истрага за тероризам – изјави полицискиот претставник Иан Хопкинс.

За време на новогодишната ноќ на станицата Викторија избодени се еден маж, една жена и еден полицаец.

Напаѓачот веднаш е уапсен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...