Нападот пред дискотека во Мелбурн не е поврзан со тероризам

51

Еден припадник на обезбедување е убиен, а три лица се повредени во оружен напад пред познат ноќен клуб во австралискиот град Мелбурн, соопшти полицијата.

Двајца од повредените се припадници на обезбедувањето, а третиот е маж кој стоел на крајот од редот и чекал да влезе во клубот.

– Веројатно е пукано од автомобил кон луѓето кои се наоѓале пред дискотеката – изјави Андрју Стампер од полицијата на државата Викторија.

Полицијата тврди дека нема докази оти станува збор за терористички напад, а според австралиски весник инцидентот е поврзан со моторџиска банда.

Засега не се спроведени апсења, а полицијата очекува информации од очевидци на настанот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...