Наоми Кемпбел го откачи 23 години помладиот пејач: Ми здодеа ФОТО

„Ѝ стана здодевен и одлучи да стави крај на тоа пред работите да станат посериозни. Не жали за ништо“, рекол извор близок до манекенката.

807

Поранешниот член на бендот „Уан дирекшн“, Лијам Пејн (25) ја освои пред неколку месеци „црната пантера“, па двојката четири месеци беше во романтична врска.

Сепак, се чини дека на речиси двојно постарата манекенка Наоми Кемпбел (48) ѝ било доста, па одлучила да го прекини нивниот однос, пишува „Дејли мејл“.

– Ѝ стана здодевен и одлучи да стави крај на тоа пред работите да станат посериозни. Не жали за ништо – рекол извор близок на Наоми, додека другите британски медиуми пренесуваат помирна верзија на целата приказна, во која двојката се разделила спогодбено и дека едноставно заклучиле дека тоа е тоа, и дека ќе нема лутење ниту забележување од ниедна страна.

Иако не објавија ниту една заедничка фотографија последните месеци, Наоми и младиот Лијам беа фатени во неколку наврати од страна на фотографите, а неодамно се забавувале на заедничкиот излет во Хонг Конг, каде се однесувале како вљубени тинејџери.

Пејн пред Наоми беше во врска со британската пејачка Шерил Кол (35) со која го доби и синот Бир (1), а поради разликата во годините помеѓу пејачот и Наоми, двајцата пред неколку месеци се најдоа на ударот на критиките по откривањето на нивната, сега веќе завршена врска.

 

Naomi i 23 godine mlađi pjevač prekinuli vezu: 'Dosadio mi je'

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...