Владата ја прифати информацијата за пренамена на средства од програмата енергетска ефикасност и обновливи енергии за финансирање проекти од областа на наводнувањето.
Како што соопшти владината прес-служба, Министерство за финансии треба да ја започне постапката за пренамена на средствата во вид на заем во износ од 20 милиони евра од програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, III фаза, за проекти од областа на наводнувањето.
За останатите средства потребни за затворање на финансиската конструкција на овие проекти да побара развоен заем од Владата на СР Германија и банката КФВ.