Наместо во кафана, афтерворк во галерија

Денеска и утре (15 и 16.ноември), од 17 часот, во галерија „Колектив“ на скопскиот плоштад ќе се одржи базар на уметнички ракотворби. Одличен избор на креативни изложувачи на едно место, во центарот на градот

1047

По отварањето со изложбата на скулпторот Горазд Христов и фотографката Стефани Христов, галеријата „Колектив“ во центарот на Скопје, продолжува со интересни и креативни настани, со полна пареа.

Денеска (15.11.), од 17 часот таму започнува базар на уметнички ракотворби, во организација на креативната двојка Горазд и Стефани Христов, кој продолжува и следниот ден, на 16. ноември.

Во просторот на галеријата „Колектив“ ќе се претстават десетина автори на накит и рачно изработени предмети.

Atelje Siena, Atelje Marjak, Farina’s handmade, Serendipity- Gabunija handmade, Blaska Mi Eva, Knit.Mak, Elain Crafts, Elena Stavreska’s artwork – Dimension ELF, Art fantasy jewelry, Alex Hand made, Sanda Mieva и Level 70 Lizard, ќе понудат накит, плетени парчиња, чанти, нотеси, украсни предмети.

„Секој кој е заинтересиран ќе може да дојде и да си купи нешто од изложените уметнички ракотворби. Бевме пријатно изненадени од одзивот, но и од понудениот избор и од големиот број креативци кои се јавија на нашиот повик. Изборот што го направивме и соработката со овие креативци ветува навистина одличен базар, затоа што ретко каде на едно место ќе можат да се видат толку разновидни и креативни ракотворби, иако овој Hand made Art Bazaar за првпат се организира во овој простор и во овој состав. Секако, ќе бидат добредојдени и оние кои само сакаат да разгледаат“, велат организаторите од скопската галерија „Колектив“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...