Намален бројот на работници во индустријата

Во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври годинава во однос на октомври лани е забалежан пад од 3,4 отсто на бројот на работници, во „преработувачката индустрија“ за 2,2 отсто, а во секторот за „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ падот изнесува 0,9 отсто.

190

Бројот на работници во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани е намален за 2,2 отсто, додека во периодот јануари – октомври се намалил за 1,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври годинава во однос на октомври лани е забалежан пад од 3,4 отсто на бројот на работници, во „преработувачката индустрија“ за 2,2 отсто, а во секторот за „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ падот изнесува 0,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст кај „капитални производи“ за 2,4 отсто, а опаѓање има кај „енергија“ за 2,2 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,9 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,4 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...