Бројот на работниците во индустријата во септември годинава во однос на септември лани е намален за 1,6 отсто, а во првите девет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 1,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според статистика, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ во септември годинава во однос на септември минатата година, бележи пад за 3,6 отсто, во „преработувачка индустрија“ за 1,5 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пад за 0,4 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во септември годинава во однос на септември лани бележи пораст кај „капитални производи“ од 6,9 отсто, а опаѓање кај „енергија“ за 1,9 отсто, „интермедијарни производи“, освен енергија за 1,7 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 4,1 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,7 отсто.