Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

82
20150619 Friday 1109 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela domati

За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14 проценти, а кај продажбата од сопствено производство намалување за 16,5 отсто. 

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај индустриските растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување кај житата, градинарските растенија, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млечните производи и рибата. 

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во април и мај, додека во јуни е забележано зголемување на вредноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...