Налог за апсење на 176 турски војници поради наводна поврзаност со Ѓулен

143

Турското обвинителствo издаде налог за апсење на 176 војници под сомнение дека се поврзани со мрежата на Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека стои зад обидот за пуч пред три и пол години, јави државната новинска агенција „Анадолија“.

Меѓу оние на кои им се заканува апсење се 143 поручници, од кои 97 се уште се на должност и 33 помлади поручници, од кои 11 се уште се на должност. Апсење им се заканува и на шест пилоти на авиони Ф-16.

Полициската акција против осомничените била координирана од западниот град Измир и насочена во 49 провинции.

Ѓулен негираше каква било вмешаност во неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година, во кој загинаа околу 250 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...