Првпат од 1986 година, во чернобилскиот „град на духови“ Припјат годинава е накитена елка.
Дрвото го украсиле поранешни жители на градот и наместо вообичаените новогодишни украси, елката е накитена со фотографии од семејни албуми.
– Животот во Припјат се враќа. Ова станува необично, нестандардно туристичко место – изјави претставник на Агенцијата за управување со зоната.
Тој додаде и дека напуштениот град секојдневно го посетуваат туристи од целиот свет.