Назначени директори на 22 културни установи, Мартин Вучиќ директор на „Танец“

911

Назначени се директори на 22 национални установи во Република Македонија, информираат од Министерството за култура.

За директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ, на НУ Драмски театар – Скопје за директор е назначена Викторија Рангелова Петровска, на НУ Македонска филхармонија – Скопје за директор е назначен Виктор Илиевски, а на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје Нифие Селмани.

Симона Угриновска е назначена за директор на НУ Македонски народен театар – Скопје, Митко Штерјов  е назначен за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Ацо Манински за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, а Тасе Перовски за директор на НУ за управување со археолошки локалитет „Стоби“ – Градско. Наташа Поповиќ е назначена за директор на НУ    „Охридско лето“, а Тодорче Тасевски на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

За директор на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е назначен Бојан Стефановски, на НУ Конзерваторски центар – Скопје – Коле Чапкановски, На НУ Конзерватоски центар – Гостивар – Илбер Зулфиќари, на НУ Музеј Кратово – Богдан Таневски, на НУ Центар за култура Крива Паланка Мира Георгиевска, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево – Методи Толевски.

На НУЦК „Бели мугри“ – Кочани за директор е назначена Александра Димитрова, на НУ Центар за култура – Дебар е назначен Артин Спахију, на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово – Имери Исмаили Њомза…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...