Над 950 млади лица ќе учат да работат и ќе земаат плата од 9.000 денари

Лицата што ќе се вклучат во практиканство ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за период до три месеци.

363

Вкупно 950 млади лица започнаа со извршување практична работа преку програмата Практиканство, што е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

Програмата Практиканство лани беше една од најбараните програми и во неа се вклучија 1.263 невработени лица до 34-годишна возраст, соопшти Агенцијата за вработување.

Поради големиот интерес оваа година опфатот се зголеми на 1.625 лица што е највисок опфат за оваа програма до сега.

Во тек е склучување договори се додека не се пополни предвидениот опфат на корисници.

Младите лица во практична работа се вклучени во трговија на големо и мало, дејности на здравствена и социјална заштита, стручни научни и технички дејности, препработувачка индустрија, други услужни дејности итн.

Целта на програмата е стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Лицата што ќе се вклучат во практиканство ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за период до три месеци.

Програмата е наменета за невработени лица до 34 години со минимум завршено основно образование и работодавачи од приватен и од граѓански сектор.

За имплементација на оваа програма извоени се 43.200.000 денари од потсметката активни програми и мерки на Агенцијата за вработување на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...