Над 70 милиони раселени лица

Во денеска објавениот извештај со наслов „Глобални трендови“ УНХЦР наведува дека приближно 70,8 милиони луѓе во светот се присилно раселени, што е двојно повеќе во споредба од пред 20 години.

33

Бројот на луѓе кои бегаат од војна, прогони и судири во 2018 година изнесува над 70 милиони, што е најголем број досега, се наведува во годишниот извештај на Агенцијата на Обединети нации за бегалци (УНХЦР).

Во денеска објавениот извештај со наслов „Глобални трендови“ УНХЦР наведува дека приближно 70,8 милиони луѓе во светот се присилно раселени, што е двојно повеќе во споредба од пред 20 години.

Бројката од 70,8 милиони лица се однесува на трите главни групи – бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица, кои ги има најмногу – 41,3 милиони луѓе.

Според УНХЦР најдобро решение за раселените лица е доброволно, безбедно и достоинствено враќање во сопствените домови, додека другите решенија подразбираат интеграција во заедниците каде се примени или нивно преселување во трети држави.

Високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди истакна дека акцентот во решавањето на која било бегалска криза треба да би елиминирање на препреките за враќање на луѓето во нивните домови.

– Ова е сложена задача на која УНХЦР перманентно е ангажирана, но и бара обединување на сите земји за доброто на сите. Тоа е еден од големите предизвици на денешницата, посочи Гранди.

Агенцијата на ОН посочува и дека признавањето и одржувањето на интеграцијата на бегалци и интерно раселените лица кои не можат безбедно да се вратат во своите домови и во иднина ќе биде приоритет на УНХЦР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...