Над 650 илјади евра донации за уапсената Карола Ракете

Тој што спасува животи не е криминалец, напишаа две познати личности од германската телевизија во повикот за донации за Карола Ракете.

1491
ФОТО: EPA / TILL M. EGEN/SEA-WATCH HANDOUT

Неколку илјади луѓе донираа повеќе од 650.000 евра за да се платат правни трошоци за германскиот капетан Карола Ракете која вчера беше уапсена откако одби да послуша наредба на италијанската армија и вплови во пристаниште на италијанскиот остров Лампедуза со околу 40 мигранти.

Само за 24 часа по повик од германска телевизија за Ракете (31) беа собрани повеќе од 500.000 евра.

– Тој што спасува животи не е криминалец – напишаа две познати личности од германската телевизија во повикот за донации за Карола Ракете.

Во попладневните часови веќе донираа повеќе од 24.000 луѓе преку 650 илјади евра. Ракете е во домашен притвор. Нејзин адвокат изјави дека таа е соочена со затворска казна од 10 години и парично – 50.000 евра.

ФОТО: EPA / TILL M. EGEN/SEA-WATCH HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...