Најмалку 520 Палестинци се повредени денеска на границата на Појасот Газа и Израел кога израелски војници употребиле солзавец и пукале во палестински бегалци кои протестирале против израелска блокада барајќи враќање на сегашна територија на Израел, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Тие соопштија дека 122 демонстранти биле ранети од израелската армија од оружје, додека 406 демонстранти се здобиле со друг вид повреди. Хоспитализирани се 203 лица, наведува Министерството.
Палестинците за време на Големиот марш за враќање, фрлале камења и палеле гуми во близина на граничната ограда.
Повеќе илјади Палестинци се собраа денеска во кампови под шатори долж границата со Појасот Газа со Израел на трет протест кој е дел од низа планирани масовни протести до средината на мај. Тие протестираат против израелската блокада што трае повеќе од десет години и бараат право за враќање на сегашната територија на Израел.
Фотографија: Фејсбук