Над 50.000 граѓани се срамат да си ги земат парите заглавени во пропаднатите банки

Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522,8 милиони денари. Досега се исплатени 1.372,8 милиони денари.

3369

Вкупно 101.878 граѓани кои имале трансакциски сметки или штеделе во пропаднатите банки и штедилници сѐ уште не се обесштатени. Вкупниот износ на пари кои треба да ги земат овие граѓани изнесува 149,9 милиони денари.

Ова го покажува извештајот за деловната активност на Фондот за осигурување на депозитите за првата половина на 2019 година.

Во земјава досега се пропаднати: Експорт импорт банка, Македонска банка, Радобанк Скопје, Алмако банка и штедилниците Уни-проком, Митштедилница – Куманово, Киро Ќучук – Велес, „Фершпед”, ИНКО, Интерфалко и штедилницата АМ од Скопје.

Лични причини, стои во извештајот, биле повод да не се подигнат парите од обесштетувањето.

„Над 50 отсто од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици не го оствариле правото на обештетување“, се наведува во Извештајот.

Последното обесштетување направено во првата половина на 2019 година е на 6 штедачи на кои им се исплатени 44,3 илјади денари. Сите биле депоненти на Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација. На веб страницата на Фондот сѐ уште стои повик до граѓаните кои штеделе во оваа банка дека можат да побараат обесштетување, под услов да докажат дека тие или нивните починати роднини штеделе во оваа банка.

Фондот за осигурување на депозити од 1997 година до првата половина на 2019 година обесштетил 20.073 штедачи во вкупен износ од 1.372,8 милиони денари што претставува 90,2 отсто од исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите.

Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522,8 милиони денари. Досега се исплатени 1.372,8 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...