Во прифатен центар за бегалци и мигранти во близина на Солун, ќе бидат пренесени 466 баратели на азил од грчките острови Лезбос и Хиос, кои рано утрово пристигнаа на атинското пристаниште Пиреас, jави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, 453 мигранти и бегалци се од прифатниот центар Мориа на Лезбос, а 13 од островот Хиос и станува збор за т.н. ранливи категории на луѓе.
Во кампот Вајохори во грчката област централна Македонија ќе бидат пренесени со 17 автобуси.
Со друга редовна бродска линија, 71 лице од островите Лерос и Кос, претпладнево ќе пристигнат во Атина и ќе бидат пренесени во прифатните центри во Атика и Коринт, а според информациите на АНА-МПА, во текот на денот се очекува со брод на грчката воена морнарица од островот Сими во Пиреас да бидат пренесени 400 бегалци и мигранти.