Над 40 илјади Косовци се откажале од државјанството од прогласувањето независност

227

Повеќе од 40 илјади државјани на Косово се откажале од државјанството од 2009-та, односно од кога Косово прогласи независност, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Последните четири години, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, во просек без косовско државјанство останувале по повеќе од пет илјади граѓани.

Заменикот министер за внатрешни работи, Изми Зека, за телевизијата РТВ21, информира дека во 2014 година од косовското државјанство се избришани 5.158 лица, а во 2016-та бројката е зголемена на 5.871 лице.

– Ослободени од државјанство од 2009 година до сега се околу 40.000 лица. Според анализите на МВР, не се работи само за економскиот аспект, туку и за државјани кои живеат надвор од Косово повеќе од десет години и бараат да си ги средат документите. Исто така, ја имаме и Германија, која не дозволува двојно државјанство, па дел од Косовците одбираат дали сакаат да имаат косовско или германско државјанство. Швајцарија е во тој поглед по либерална – рече Зека.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...