Над 35 милиони евра потрошила државата за поддршка за фирмите годинава

Анѓушев соопшти дека наредните три дена ќе биде исплатена државната поддршка и за компаниите кои аплицирале за користење пари од првите два столба од планот за економски раст.

199

Вкупната државна помош која годинава ќе им биде исплатена на компаниите во рамки на владиниот План за економски раст ќе изнесува над 35 милиони евра, рече денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на презентацијата на проектите од таканаречениот „втор инвестициски бран“ кој се реализира во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.

– Сите планирани средства со буџетот за 2018 година и со ребалансот се искористени. Над 250 компании се вклучени во трите стоплба од Планот за економски раст. Сумата е повисока од 35 милиони евра што ќе биде сериозен импакт за економијата– рече Анѓуштев.

За наредната година, како што рече, се испланирани 37 отсто повеќе пари за поддршка на компаниите.

Анѓушев соопшти дека наредните три дена ќе биде исплатена државната поддршка и за компаниите кои аплицирале за користење пари од првите два столба од планот за економски раст.

Премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на презентацијта на преоктите рече дека е задоволен што 145 мали бизниси на двата повика од третиот столб од Планот за економски раст го надминале износот од 13,4 милиони евра.

– Значајно е тоа што 323 лица се вработени и од нив 85 се нововработени и ќе земаат плати двојно повисоки од просекот ( 41.839 денари)– рече Заев.

Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации преку кој се реализира поддршката од третиот стоплб од Планот за економски раст рече дека 65-те фирми кои аплицирале на вториот оглас имаат поднесено и изјави за судир на интереси и се чисти во тој однос.

– И на овој оглас имаше фирми кои аплицираа кои во сопственичката структура имаат функционери, но за овие фирми се уште се води постапка на оценка, по што ќе треба да се изјасни и Комитетот за одобрување на инвестициите- рече Деспотовски.

Тој соопшти и дека за четирите фирми кои аплицирале задржавна поддршка на првиот облас и имаат проблем со судирот на интереси се уште се води постапка.

– Две од нив се високоризични. По завршувањето на постапката за овие фирми ќе треба да се произнесе и да донесе одлука комитетот – рече Деспотовски.

Меѓу фирмите кои аплицирале на вториот оглас чии проекти беа промовирани денеска имаше старап фирми мали и средни од повеќе сектори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...