Балкански претприемачки самит во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, кој годинава се најде на листата на „Форбс“, денеска ќе се одржи во Скопје.
На претприемачкиот самит, се очекуваат 250 гости и 30 успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред присутните учесници ќе се обратат говорници од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава.
Самитот ќе го отвори Аријана Коскарова, добитничка на признанието „Форбс 30 под 30“ и основач и извршен директор на „Creative Hub“.
Најавено е и обраќање и на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, претседателот на Стопанската комора на Мaкедонија Бранко Азески и на швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада.