Над 16.000 илегални мигранти го напуштаат Истанбул

146
Над 16.000 илегални мигранти во Истанбул во последниот 1,5 месец се испратени во центри за репатријација во другите покраини од земјата, соопшти денеска турската Влада.

Истанбулските власти во писмена изјава наведуваат дека од 12 јули до завчера од градот си заминале или се префрлени 16.423 илегални мигранти, а процесот на нивна репатријација е во тек, пренесе агенцијата Анадолија.

Околу 4.500 нерегистрирани Сиријци од Истанбул, исто така, се упатени во привремените бегалски центри низ другите турски провинции.

Заминуваат, исто така, и Сиријци кои се регистрирани во другите покраини, се наведува во соопштението на турските власти.

Минатата недела Турција го продолжи рокот до 30 октомври за нерегиртрираните Сиријци да можат да го напуштат Истанбул и да заминат во провинции во кои по првпат ќе бидат регистрирани.

Не се дозволени нови пријави на мигранти во Истанбул, но постојат исклучоци за поединци кои го продолжуваат школувањето во градот, оние кои се легално вработени и мигрантите чие лекување е во тек.

Турција прими 3,6 милиони Сиријци, а околу 540.000 од нив живаат во Истанбул, покажуваат официјалните податоци до кои дојде агенцијата Анадолија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...