Над 1,2 милијарди евра странски инвестиции во Албанија

Од вкупните инвестиции, 467 милиони евра биле инвестирани во производство на енергија и гас, од кои повеќето доаѓаат од Трансјадранскот гасовод (ТАП) и каскадата на реката Девол.

117

Станските инвестиции во Албанија минатата година забележале историски рекорд, што првпат ја надминува бројката од една милијарда евра.

Последните податоци од Централна банка на Албанија покажуваат дека во 2018 година странските компании во албанската економија инвестирале милијарда и 21 милион евра, што претставува зголемување од 13,5 отсто во споредба со претходната година.

Деталните податоци покажуваат дека поголемиот процент од странските инвестиции биле во четири сектори: енергија, рударството, недвижен имот и финансискиот сектор, додека помал процент се во прозводниот сектор.

Од вкупните инвестиции, 467 милиони евра биле инвестирани во производство на енергија и гас, од кои повеќето доаѓаат од Трансјадранскот гасовод (ТАП) и каскадата на реката Девол.

Во областа на ископот на нафтата и руда биле инвестирани 171,1 милиони евра, додека во недвижен имот 115 милиони евра.

Се чини дека странците купуваат се повеќе недвижнини во Албанија, особено во Тирана и крајбрежните области. Вложените 115 милони евра во недвижен имот претставуваат историски рекорд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...