Повеќе од 10.000 лица, меѓу кои и истакнати опозициски политичари, учествуваа на денешниот протест во центарот на Москва, со цел да побараат слободни и чесни локални избори.
Опозициските политичари и нивните поддржувачи се собраа откако властите одбија да регистрираат соработници на опозицискиот лидер Алексеј Навални и други критичари на Кремљ, кои имаат желба да се кандидираат за советници на локалните избори во септември.