Над сто повредени во земјотресот во Иран

127

Повеќе од сто лица се повредени, а неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтер, што денеска го погоди југозападниот дел на Иран.

Седуммина од повредените 112 лица се пренесени во болница, додека еден постар маж почина од срцев удар, како последица од земјотресот.

Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот го погоди подрачјето на околу 84 километри источно од иранскиот град Ахваз, познато по бројни наоѓалишта на нафта, а епицентарот бил во близина на Масџид Солејман во провинцијата Хузестан, околу 450 километри од Техеран.

Во близина на епицентарот, околу 6.000 луѓе живеат во 15 села.

Спасувачките тимови го пребаруваат планинското подрачје околу градот Масџид Солејман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...