Онлајн петицијата што почна вчера против одлуката на британскот премиер да обнови работата на Парламентот, денеска веќе собра 1,1 милион потписи, јавија британски медиуми.
Во Лондон секоја потпишана петиција од 100.000 луѓе треба да обезбеди дебати во Парламентот за прашањето за кое се однесува.
Незадоволните од потегот на Борис Џонсон ја оквалификуваа одлуката да го блокира Парламентот извесно време како „државен удар“.
Џонсон побара од кралицата Елизабета Втора да бидат прекинати седниците на пратениците од почетокот на септември до средината на октомври со што се ограничува можноста на народните претставници да се спротистават на брегзит без договор.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER