Над еден милион луѓе во Калифорнија се без струја

41

Повеќе од милион луѓе во Калифорнија останаа без електрична енергија откако главната дистрибутерска компанија го прекина снабдувањето како претпазливост, поучена од искуството од минатата година, кога силни ветрови предизвикаа смртоносен пожар во таа американска сојузна држава.

Таквата драстична мерка предизвика долги редици во супермаркетите и продавниците во северна Калифорнија, бидејќи луѓето брзаа да купат вентилатори, батериски лампи и друго.

Во училиштата и универзитетите, часовите се откажани и многу бизниси и продавници се затворени, јавија американски медиуми.

Компанијата „Пацифик гас/електрисити“ претходно предупреди дека речиси два милиона луѓе во 30 окрузи во Калифорнија би можеле да бидат без струја.

Компанијата соопшти дека ќе ја исклучи електричната енергија од претпазливост вчера и ги повика жителите и деловните субјекти да се подготват да бидат без електрична енергија дури седум дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...