Филмот „Јавачи на коњи” по сценарио на Никола Кузелов и во режија на Марјан Гавриловски доби награда за најдобар филм на филмскиот фестивал Јала (Yala International Film Festival) во Непал.
Се работи за независен филм – социјална драма, во кој главните улоги ги играат Бобан Кулески, Никола Кузелов и Долорес Поповиќ. Филмот е снимен во Скопје во 2016 година.
Одлуката на жирито била едногласна и со оценка дека филмот е „интимен портрет на изгубените генерации од постконфликтната Југославија“.
Ова е втора награда за „Јавачи на коњи“ кој претходно доби награда за најдобар филм и на фестивал (Fam Fest International 2018) во Северна Каролина, САД.
Филмот досега има учествувано на голем број фестивали во Шпанија, Шведска, Италија, Јужна Африка, Швајцарија, Полска, Чешка, Романија и Бугарија.