Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева

92

„Патот за Итака“ од Мирјана Тренчева е победник на конкурсот за најдобра поетска книга напишана од писателка која членува во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и објавена во текот на изминатата година (од мај 2017 – април 2018).

Селекторката Билјана Станковска во образложението истакнува дека меѓу кориците на оваа книга „поезијата е на високо естетско рамниште, со длабока емоционална осмисленост, со уметнички обликувани идеи и исклучителни метафори“.

Како што соопшти ДПМ, наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на книжевната манифестација „Празник на липите“, која ќе се одржи во Друштвото на писатели кон крајот на месец јуни. вг/сд/10:43
Собранието на Република Македонија на увид на министрите во владата ги доставило и годишните извештаи за работата на Македонската радио телевизија за 2017 година, и за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2017 година.

На владианата седница ќе биде разгледана и информацијата за реализација на кредитите и проектите од ЕБРД со гантограм и динамика на реализација, и за техничките и финансиските аспекти на имплементација на проектите на АД МЕПСО, како и извештајот за работата на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони за периодот од 1 јули до 31 декември 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...