Наградата „Гоцева мисла“ за професор Кирил Темков

Писателот Христо Петрески вчера во просториите на издавачката куќа „Феникс“ му ја додели годинешната меѓународна награда „Гоцева мисла“ на професорот Кирил Темков

246

Годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“ вчера му беше доделена на професорот Кирил Темков.

Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.

„Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла – Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, рече Христо Петрески, писател и оснивач и директор на издавачката куќа „Феникс“, кој му ја врачи наградата на професор Темков.

Професорот од Филозофскиот факултет иако е во пензија е сѐ уште активен и држи предавања за докторантите, а со години води „донкихотовска“ битка етиката да се воведе како предмет во образованието.

Доделувањето на наградата беше во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста  се одржа во Културниот центар „Феникс“.

Оваа година наградата му беше доделена и на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз, Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...