Граѓаните навалија на Саемот за книга кој се отвори во Скопје во средата, а ќе трае до вторник, 14 мај.
Има интерес за белетристика, научни и стручни книги, енциклопедии, литература за деца…, како и за новообјавената книга на екс премиерот во бегство Никола Груевски.
На Саемот учествуваат околу 70 издавачи, а посетителите може да купат книги со саемски попуст. Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за групни посети. За полесен и директен пристап на посетителите до ВИП Арена „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ и оваа година воведува две вонредни автобуски линии од населбите Ново Лисиче (бр. 100) и Дексион (бр. 200). Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот.
Саемот на книгата втора година се организира во спортската сала „Борис Трајковски“ по затворањето на халите на старата локација.