Мустафа Шентоп нов претседател на турското Собрание 

158

Турскиот Парламент денеска за свој нов претседател го избра Мустафа Шентоп,  пратеник од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

За изборот на Шентоп гласаа 336 од вкупно 600-те членови на Големото национално собрание на Турција.

Шентоп, кој по професија е правник, е 29-от претседател на турскиот Парламент и на функцијата ќе го наследи Бинали Јилдирим,

Досега Шентоп беше еден од четворицата потпретседатели на Собранието.

Во исто време, за нов потпретседател на Парламентот, на местото на Шентоп, е избарн неговиот сопартиец  Суреја Сади Билгич.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...