Мустафа збеснал кога слушнал за аферата на Емина, ѝ се заканил што ќе направи

954

Веста дека Емина Јаховиќ се гледа со турскиот мулитимилијардер Садетин Аран одекна како бобма во турските, но и српските медиуми.

Меѓутоа тоа не е најинтересно, а она што најмногу ја возбуди турската јавност е информацијата дека пејачката и милијардерот ги запознал токму поранешиот сопруг на Емина, Мустафа Сандал.

Тоа го разбудило сомнежот дека Емина и Садетин се гледале и за време на нејзиниот брак со Мустафа, за што нагаѓаат и турските медуми.

И како што тврдат нивните извори, Сандал поради тоа е бесен со оглед на тоа дека за време на разводот на сопругата ѝ ја оставил куќата и старателството над синовите Јаман и Јавуз.

-Кога Мустафа дозна за врската на Емина со Садетин, целосно полуде. Не затоа што таа се заљубила, туку затоа што тој ги запознал и на неколку настани биле заедно. Поради тоа се сомнева дека тие двајца биле во врска уште за време на бракот на Мустафа и Емина – тврдат упатените.

Тие исто така откриваат дека штом Мустафа дознал за нивната врска, веднаш го повикал братот на Емина и му рекол дека ќе и одземе се доколку се дознае дека го изневерувала.

– Ќе ѝ ја земам куќата и ќе ја намалам алиментацијата, ако е точно дека биле заедно додека сме биле во брак – врескал Сандал на состанок со брат и со своите адвокати.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...