Мун ќе ја посети Северна Кореја на есен

На денешниот самит меѓу Јужна и Северна Кореја е договорено Мун Џае-ин да го посети Пјонгјанг на есен.

69

На денешниот самит меѓу Јужна и Северна Кореја е договорено Мун Џае-ин да го посети Пјонгјанг на есен.

Исто така е догорено да се одржуваат редовни средби помеѓу јужнокорејскиот претседател Мун и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, како и дека ќе разговараат преку неодамна воспоставената „жешка линија“.

Двајцата лидери денеска потпишаа декларација за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната.

Двајцата лидери се договорија и за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Според западните медиуми, договорено е Корејскиот Полуостров да се ослободи од нуклеарното оружје, но двајцата лидери не понудиле нови специфични мерки како да се постигне тоа.

Мун и Ким соопштија дека ќе инсистираат на разговорите за потпишување на мировен договор помеѓу Јужна и Северна Кореја да бидат вклучени и САД, а евентуално и Кина. Мировниот договор помеѓу Јужна и Северна Кореја треба официјално да биде потпишан до крајот на годината. По завршување на војната во 1953 година помеѓу двете земји бешпе потпишан само мировен договор, што технички значи дека Северна и Јужна Кореја се уште се во војна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...