Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска побара да се склучи мировен договор со Северна Кореја, со цел официјално да заврши војната помеѓу двете држави.
– Време е 65-годишното примирје да биде крунисано со мировен договор, откако ќе биде прогласен крај на војната – посочи Мунм
Тој додаде дека за да се потпише мировен договор, Северна Кореја треба да се откаже од својата нуклеарна и балистичка програма.
– Ако на самитот на Северна и Јужна Кореја, а потоа на средбите помеѓу Северна Кореја и САД се договори денуклеаризација на Полуостровот, нема да биде тешко да се нармализираат односите на Пјонгјанг со другите држави – наведе Мун.
Тој истакна дека тоа би можело да обезбеди меѓународна економска помош за Северна Кореја.
Јужнокорејски и кинески неименувани извори тврдат дека Ким Џонг-ун е согласен за денуклеаризација во замена за повлекување на американските војници од Јужна Кореја. Тогаш Сеул нема да биде под американскиот нуклеарен чадор.