Мун: Нема да се откажеме од потрага по исчезнатите во несреќата во Будимпешта

Во несреќата загинаа седум луѓе, а 19 се уште се водат како исчезнати.

65
FOTO Printskrin

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин ја истакна решеноста на неговата Влада да не се откаже од потрагата по речиси 20 јужнокорејски државјани кои се уште се водат како исчезнати, откако нивниот брод потона во Будимпешта минатата недела.

– Владата до крај ќе вложува максимални напори, мобилизирајќи ги сите дипломатски канали и човечки и материјални средства, рече Мун и им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Тој изрази загриженост поради тоа што спасувачката операција бавно напредува поради неповолните временски услови.

Бродот на кој имало 33 јужнокорејски туристи потона минатата недела по судир со голем туристички брод.

Во несреќата загинаа седум луѓе, а 19 се уште се водат како исчезнати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...