Oткако почна Светското првенство во фудбал во Русија, приходите на музеите се зголемиле за 91 отсто (најголем удел има Кремљ каде во близина има фан зона), објавила телевизијата „Москва 24“.
Според информацијата, скок на приходите се забележани и од крстарење по реката Москва за 36 отсто, филхармонијата била во плус за 58 отсто, а Големиот московски циркус за 25 отсто.
Интересно е и тоа дека доставата на храна забележала пад од 14 отсто.
Значи, навивачите во Русија не ги интересира само фудбалот и пиво, туку и културата. Едно од местата кое го посетуваат е државната галерија Третјаковска, позната како храм на руското сликарство, во која има повеќе од 130.000 експонати. Во галеријата уживале навивачи од Колумбија, Јапонија, Бразил, Аргентина и Англија.
На навивачите интересно им било и да го истражуваат бункерот на Сталин во Самара, изграден во 1942 година како алтернативно седиште за вооружените сили. Стотици навивачи се упатиле токму на тоа место.