Во кино Култура утре во 20 часот ќе се одржи мултимедијален перформанс „’Ртулци“ – презентација на првата Инкубатор продукција, создадена и во изведба на младите уметници кои беа дел од првиот отворен повик на Инкубатор, поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Македонија.
Цел на ИНКУБАТОР како културна програма е интегрирање на млади уметници во современата уметничка сцена преку професионално менторство и поддршка, што на долг рок ќе придонесе збогатување и дополнително афирмирање на младинската современа уметничка сцена во Македонија, но и надвор од нејзините граници.