„Музички орнаменти“ – изложба на скулпторот Емил Солески во Куманово

54
„Музички орнаменти“ од скулпторот Емил Солески е насловена изложбата која ќе биде отворена вечер од 20 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“. Ќе биде претставена збирка од десетина скулптури во мермер коишто авторот ги изработил во изминатите години.

– Авторот овојпат организира самостојна изложба во Куманово, иако претходно редовно учествува на биеналните изложби „Скулптури на новто време“ кои ги организира кумановскиот центар за култура. Ги поканувам кумановци да ја проследат изложбата, бидејќи изложби на скулптури се сè поретки, изјави Роберт Цветковски од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 Солески завршил вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал голем број самостојни изложби, учествувал на групни изложби, изработил монументални скулптури.

Изложбата ќе биде отворена до 21 ноември. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...