Музички медитации инспирирани од Учителот и неговите ученици

109

Изложбата „Учителот и неговите ученици“ е обид да се истражи влијанието кое еден учител го втиснал во творештвото на неговите ученици, како и особеностите кои учениците ги развиле независно, во текот на нивниот творечки век.

Покрај вештините, неизбежно, учителот им пренесува на учениците и дел од неговите лични убедувања и животни ставови.

Инспирацијата која Георгиевски ја црпи од музиката е јасно видлива низ сите периоди на неговото творештво. Во своите предавања и разговорите со своите ученици, тој често пати прави компарации помеѓу цртежот, бојата и перспективата од една и музичката хармонија и тонот од друга страна.  Помеѓу неговите многубројни Учители и Ученици отсекогаш имало композитори, аранжери, инструменталисти…

Во овој контекст, а по повод последниот ден на изложбата „Учителот и неговите Ученици“, на 17 јуни, во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје, Дино Имери, македонски реномиран пијанист, композитор и професор, ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени композиции инспирирани од изложените дела на Владимир Георгиевски, Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.

Влезот е слободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...