Мугабе е прогласен за национален херој

282

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој почина денеска на 96-годишна возраст, е прогласен за „национален херој“, објави шефот на државата Емерсон Мнангагва.

Тој го наследи Мугабе на чело на земјата, откако армијата излезе на улиците и по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.

– Зану-ПФ, партија на власт од 1980 година, се состана и му додели статус – заслужен национален херој, рече Емерсон Мнангагва во телевизиското обраќање.

Тој додаде дека земјата ќе биде во жалост се до погребот на Мугабе, чиј датум се уште не е објавен.

Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...