„Мрежата на Мамли“ е нов роман на Блаже Миневски во издание на „Матица македонска“, која го најавува како негово најамбициозно дело.
– Познатиот писател ги отсликува судбинските мигови и премрежиња што се одигруваат на тлото на македонската земја. Ова е роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, платениците и полтроните, кодошите и тапкарошите… – наведува издавачката куќа.
Во поговорот на книгата Венко Андоновски пишува дека Миневски со „Мрежата на Мамли“ на македонската книжевност ѝ подарува уште еден бесценет наратив: „Станува збор за роман кој влијае врз иднината на македонската литература, а посебно врз иднината на романот како жанр, пишува Андоновски.
Блаже Миневски (Гевгелија, 1961) е автор на богат прозен и драмски опус, високо вреднуван од критиката. Добитник е на најзначајните домашни литературни награди, меѓу кои Роман на годината, Рациново признание и наградата „Стале Попов“.