Мравка-робот се ориентира по небото, а не со ГПС

61
ФОТО: МИА

Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс изработија робот којшто се ориентира по небото, а не со ГПС, објави университетскиот гласник „Текнолоџи ривју”.

Мравките може да минат илјадници километри, и покрај тоа што имаат само неколку мозочни клетки. За точно да определат каде се движат и каде се наоѓаат, тие ја користат поларизираната сончева светлина.

Истиот концепт е употребен и во оваа нова технологија. За да се движи на истиот начин, роботот Ант-Бот („мравка-робот“), користи два светлински сензора со капацитет од само 14 пиксели и вртечки поларизирани филтри.

Така, роботот може да ја одреди својата местоположба и во ситуации кога навигацијата е недостапна.

Тоа би било од исклучителна корист, на пример, ако на самоуправувачки автомобил му се урне ГПС-системот.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...