Моќниците од Европа на состанок со лидерот на Кина

108

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел и претставник на ЕУ, на 26 март во Париз, со цел да разговараат за мултилатералните односи меѓу Европа и Кина, изјави синоќа претставник од француското претседателство.

Тој рече дека разговорите ќе се фокусираат на трговијата, климата и односите меѓу Кина и Европа.

– Тој состанок е првиот чекор, истакна официјалниот претставник и додаде дека состанокот може да помогне во поставување на основа за конкретни резултати на претстојниот самит ЕУ-Кина, кој треба да се одржи на 9 април во Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...