Моќна и уникатна балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!

496

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“. Тие премиерно се изведоа во саботата во преполниот салон на Националната опера и балет.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет“ и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Репризата е закажана за утре, 8 октомври, во 20 часот.

Настапуваат балетски првенци, гости, солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Билети може да се купат на билетарница или онлајн на www.operablet.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...