Синоќа во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија, нашиот пијанист со интернационална слава, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт пред македонската публика.
Присутните уживаа во музиката на Шостакович и Гершвин во моќна изведба на Трпчески придружуван од Македонската филхармонија на чело со диригентот Борјан Цанев. Концертот донесе многу емоции, радост и вистинско воодушевување кое присутните не можеа да го скријат.
Концертот го организираше Македонски телеком.